Ќерката на поранешниот американски претсетател Доналд Трамп, Иванка е фотографирана како со солзи на лицето разговара на телефон додека влегува на теретана.
Оваа состојба на Иванка е само две недели откако е потврдено дека нејзиниот сопруг Џаред Кушнер има втора операција за да го отстрани карциномот на штитната жлезда.
Расплаканата Иванка зборувајќи на мобилен телефон брзо влегла во зграда во Мајами, по што почнаа гласините дека во тој момент слушнала лоши вести за состојбата на сопругот.
Нејзиниот сопруг во објавените мемоари откри дека му е дијагностициран рак во 2019 година.
За потсетување, пред еден месец Иванка остана без својата мајка Ивана Трамп која почина на 74 годишна возраст.