Легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана добија бронзена статуа поставена на местото на хеликоптерската несреќа во која го загубија животот заедно со уште седум лица.
Скулпторот Дан Медина испрати порака дека „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“, а на статуата ги испиша имињата и на останатите загинати.
Таткото и ќерката се облечени во кошаркарска униформа, Коби го носи легендарниот дрес на Лејкерс со број 24, додека Џиана ја доби 8 која Брајант ја носеше на почетокот на неговата кариера.
Многу навивачи и обожаватели на кошаркарската легенда веќе на ова место положија цвеќе. Хеликоптерската несреќа се случи на вчерашен ден пред две години.