Скарлет Јохансон со своето момче се појави на премиерата на филмот и сите останати ѕвезди станаа неважни.
Јохансон на црвениот тепих се појави во сребрен фустан држејќи го своето момче Колин Џост под рака. Ова воедно е и нивно прво заедничко појавување во јавност, па актерката најверојатно имала дополнителна инспирација за својот стајлинг.
Кратка, интересна фризура, силна шминка со виолетови тонови и отворени сандали совршено се вклопиле во ефектниот фустан кој е од колекција есен-зима 2018 па се уште не е достапен во продавниците на модната куќа.