понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кралска поддршка за „Гордиот албион“ – Вилијам, Кејт и синот Џорџ навиваа на Вембли

ФОТО: Кралска поддршка за „Гордиот албион“ – Вилијам, Кејт и синот Џорџ навиваа на Вембли

Натпреварот меѓу селекциите на Англија и Германија во осминафиналето се одигра пред лондонски Вембли, а на трибините присутни беа и познати лица.

Ед Ширан и Дејвид Бекам им се придружија на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а со нив на трибините беше и седумгодишниот нивен син, принцот Џорџ.

Фудбалерите на Англија се пласираа во четвртфиналето со победа од 2:0 пред 40 илјадната публика.

Вилијам и Џорџ натпреварот го следеа облечени во костум со вратоврска, додека за оваа прилика Кејт облече совршено црвено сако, бела маица и темни панталони.

 

Најнови вести