Луѓето коментираат дека популарната актерка никогаш полошо не изгледала, се согласувате ли? Актерката Софија Вергара ќе го толкува ликот на популарната колумбиска кралица на наркокартелот – Гризелда Бланко.
Инаку, станува збор за новата серија на Нетфликс, „Гризелда“, а Софија практично речиси невозможно е да ја препознаете, судејќи по фотографиите од сетот. Улогата на опасната Гризелда, позната како „црната вдовица“, веќе ја толкуваше Кетрин Зета Џонс, а сега се чека да видиме како прекрасната Софија ќе се снајде во оваа улога.
Што се однесува до физичката трансформација, јасно е дека продукцијата е беспрекорна – Софија добила целосно нов изглед во функција на улогата, а нејзините фанови велат дека никогаш полошо не изгледала. Гризелда Бланко ги испишала најмрачните страници во историјата на тргувањето со наркотици и му застанала на патот на Пабло Ескобар и неговите наследници.
Грубата Колумбијка стои зад многу перфидни начини за тргување со наркотици кои се користат и денес. Таа во својот злосторнички опус вброила најмалку 250 убиства и имала дури 20 лажни имиња. Велат дека ги хипнотизирала луѓето, ги придобивала со својот карактер и од нив создавала верни следбеници. Биле присутни и многу стравови, секој кој работел за неа бил свесен дека таа од никого не го бара тоа за што таа не е способна да го направи.