четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Линдзи Лохан објави нова фотографија, покажа како изгледа само неколку дена по породувањето

ФОТО: Линдзи Лохан објави нова фотографија, покажа како изгледа само неколку дена по породувањето

Актерката Линдзи Лохан се породи пред две недели, а сега објави фотографија од своето тело по породувањето.

-Толку сум горда на она што ова тело можеше да го постигне во текот на овие месеци од бременоста и сега закрепнувањето, гордо напиша таа во описот.

Лохан ја објави својата бременост на Инстаграм во март 2023 година. Синот на кого му го дадоа името Луаи се роди во Дубаи.

„Да се ​​има бебе е најголемата радост на светот!“, напиша Лохан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)


Во ноември 2022 година, таа за магазинот Интервју изјави дека има голема желба да биде мајка. Рекла и дека е задоволна од животот во Дубаи.

„Овде се чувствуваме безбедно. Училиштата се одлични. Овој град е толку различен од сè на што сум навикната… Убаво е да имаме свој посебен свет“, рече таа.

Линдзи и Бадер објавија во февруари 2020 година дека се во врска. Тие се свршија во ноември истата година. Тајно се венчаа во април 2022 година, а веста ја споделија дури во јули.

Најнови вести