сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Луна Џогани објави прва фотографија од бебето, сопругот крај неа

ФОТО: Луна Џогани објави прва фотографија од бебето, сопругот крај неа

Луна Џогани и Марко Миљковиќ станаа родители по втор пат, откако утринава се роди нивната ќерка.

По породувањето Луна на својот Инстаграм објави прва заедничка фотографија со наследничката Лана.

Откако во семејниот дом ја славеше убавата вест, Марко дошол во болницата да ги посети мајката и бебето.

Луна го забележа моментот, а објави и емотивна порака.

– Здраво, јас сум Лана Миљковиќ, родена сум на 04.10.2023 година во 09:00 часот! Нашата Лана е во наши раце и што повеќе да посакам, само благодарност до Бога за се што ни дал! Ќе бидеш најсакана на светот, а сигурна сум дека ќе ја имаш најдобрата сестра на светот! – напиша Луна.

Парот ја има ќерката Миа која во јуни наполни две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)

Најнови вести