Оливија Бенсон, мачката на пејачката Тејлор Свифт има повеќе пари од просечниот човек.
Неодамна спроведениот извештај на списанието ‘All About Cats’ ја рангираше Оливија како трето најбогато домашно милениче во светот, со неверојатна нето вредност од 91,5 милиони евра.
Листата е составена врз база на аналитиката на Инстаграм, а за Оливија како дополнителни поени биле земени во предвид и нејзините учества во проекти надвор од социјалната мрежа.
Мачката на популарната пејачка ги престигна и петте кучиња на водителката Опра Винфри.