Познатиот лондонску музеј на восочни фигури „Мадам Тисо“ ги одвои фигурите на принцот Хари и Меган Маркл од останатиот дел од кралското семејство.
Ваквиот потег на Музејот следува по нивната објава дека се повлекуваат од кралските должности.
Фигурите на Хари и Меган веќе не се дел од колекцијата на восочни фигури заедно со кралицата Елизабета Втора и принцот Филип и принцот Вилијам со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Во Музејот се исложени фигури на 250 истакнати личности во светот.
We’ve got to respect their wishes ?♂️ #Megxit pic.twitter.com/mb936VcqRd
— Madame Tussauds London (@MadameTussauds) January 9, 2020