среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Македонската пејачка објави први фотографии од новородениот син – „Хеј, свете, дали ме слушаш?“

ФОТО: Македонската пејачка објави први фотографии од новородениот син – „Хеј, свете, дали ме слушаш?“

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ го добија своето прво дете, синот Максим.

Пејачката објави први фотографии од синот на својот Инстаграм профил.

„Хеј, свете, дали ме слушаш? Мојата среќа е поголема од небото. Синоќа на свет дојде нашето мало чудо кое има 3.770 кг. Благодарна сум на Бога што имам прилика да почувствувам толку голема љубов и што се остварив како мајка.Благодарна сум на тебе Максиме што вчера заедно се боревме да се што побрзо видиме и гушнеме. Беше магично. Момент кој ќе го паметам засекогаш. Благодарна сум на мојот сопруг, мојот најдобар пријател и поддршка. Ти благодарам што ми го подари најдобриот подарок бидејќи Максим е круна на нашата љубов. Многу ве сакам семејство мое и едвај чекам да дојда дома и да не се спојат мирисите“, напиша таа.

 

Најнови вести