Македонската водителка Миа Костова е активна на социјалните мрежи, каде често објавува и секси фотографии од себе.
Овој пат таа позираше во проѕирен фустан и бикини, кои ги истакнуваат нејзините облини, а во опис на фотографиите кои ги објави раскажа по што ќе го памети ова лето.
„Лето. Толку го чекав за да не знам што да правам со него откако стаса, а богами сака да заврши кај и да е. Ако не се довлечкам до некое море, ќе го памтам по приказната за една карма која закасни ама стигна. Или по некои старо нови пријателства. Или по едни глупави резултати на лекар. Или по ресторанчето над Скопје. Или по Просекото што е на маса секое лето. Или по промената на станот. Па добро, не е толку страшно, кај ми е пасошот?“ – напиша атрактивната русокоса.