Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ќе ја објави својата прва книга за деца која настанала врз основа на односот меѓу принцот Хари и нивниот син Арчи.
Издавачот соопшти дека книгата „Клупа“ ќе биде објавена на 8 јуни.
Книгата е илустрирана од Кристијан Робинсон, а Меган ќе го чита и аудио изданието.
Во книгата е претставена разнолика група татковци и синови и нивните заеднички моменти, се наведува во соопштението преку кое е најавена книгата. „Клупа“ настанала од песна која Меган ја напишала за Хари за нивниот прв Ден на таткоро по раѓањето на Арчи.
„Клупа“ е еден од проектите кои Меган и Хари ги најавија по повлекувањето од кралските должности на почетокот од 2020 година.