четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

(Фото) Меси заработува милиони месечно месечно, а еве на што ги троши парите неговата сопруга: Многумина останале без зборови кога виделе што пазари

(Фото) Меси заработува милиони месечно месечно, а еве на што ги троши парите неговата сопруга: Многумина останале без зборови кога виделе што пазари

Фудбалерот Лионел Меси почнал да се навикнува на животот во Мајами, каде заедно со сопругата Антонела биле фотографирани како одат во локална продавница. Фотографиите наишле на воодушевување од јавноста, бидејќи изгледале како просечно семејство кое нема проблем да оди на пазарење.

Популарно е мислењето дека сопругите на фудбалерите водат луксузен живот, трошат пари на скапи чевли и чанти. Сепак, Антонела демантирала и покажала дека е вистинска „домаќинка“.

Странските медиуми пишувале дека познатиот фудбалер заработувал 7 милиони евра месечно, но кога ќе влезете на неговиот „Инстаграм“ профил нема да видите луксуз и раскош.

Иако медиумите пишуваат дека фудбалерот вози автомобил од 240.00 долари, на социјалните мрежи не можете да видите дека Меси е вториот најплатен фудбалер во светот.

За разлика од неговиот ривал, Кристијано Роналдо, кој сака да се фотографира покрај луксузни автомобили и да го покажува својот раскош на „Инстаграм“, Меси најчесто објавува фотографии со семејството.

Лионел Меси (35) и Антонела Рокуцо (34) се запознале преку нејзиниот брат уште кога биле деца, односно кога имале 5 или 6 години. Како што подоцна признал фудбалерот, се дружел со нејзиниот брат да би можел да ја види.

Таа му пишувала писма и сè било толку слатко, но животот ги разделил кога семејството на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера. „Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и да нивната иднина зависи од вас. Беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, беше тешко да оставам сè зад себе: моите пријатели, остатокот од моето семејство, моето детство. Пристигнавме во земја во која немав ништо. Почнав практично од нула“, изјавил своевремено Меси во едно интервју.

Големата физичка дистанца меѓу нив не ги спречила Лионел Меси и Антонела Рокуцо да се вљубат еден во друг. И покрај неговото селење на друг континент, една животна трагедија повторно ги споила нивните патишта.

Парот добил два сина, пред да се венчаат во 2017 година. Следната година, Рокуцо го родила нивниот трет син.

„Мојата сопруга Антонела има многу одлични квалитети“, изјавил еднаш Меси додека играл во Барселона. „Навистина ѝ се восхитувам на тоа како таа се справува со секојдневниот живот, секогаш е добро расположена и има одличен пристап кон проблемите. Таа е многу интелигентна и остварена во сите аспекти на животот“, додал тој тогаш.

Најнови вести