Ѕвездата од хумористичната серија „Пријатели“, Метју Пери, по многуте заплети, расплети, раскинување, се сврши со својата долгогодишна девојка Моли Хурвиц, која инаку, е 22 години помлада од него.
– Одлучив да се свршам. Среќа што притоа се гледав со најпрекрасната жена на планетава!, изјави тој за „Пипл“.
И таа, инаку, ги потврди среќните вести на својот Инстаграм. Таа е ТВ-продуцентка, скаут за млади таленти и менаџерка.
Следен филм каде што Пери (51) ќе глуми, е комедијата „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up), закажана за следната, 2021 година.