Бака Прасе и Ања Бла за првпат заедно отидоа на одмор годинава, но Ања откако се пофали дека имале состанок во ресторан, се пожали дека добила сончаница и мора да седи во соба. „Напорни сте“ – им одговори таа на сите оние што коментираат дека со Бака Прасе не патуваат никаде заедно и дека пак раскинале.
Девојката на најпознатиот српски јутјубер Бака Прасе, Ања Благојевиќ, на својот Инстаграм профил постојано објавува фотографии од патувањата на кои најчесто оди сама, а сега покажа дека со нејзиниот дечко заедно биле на луксузна вечера во Будва, Црна Гора.
View this post on Instagram
Фотографиите се одговор на оние што претходно коментираа дека најверојатно парот повторно раскинал, затоа што убавата инфлуенсерка во последно време постојано се фотографира сама.
Претходно Ања објави фотки на кои позира како сирена и по примерот на светските ѕвезди кои ги зафати „Барби треската“, се фотографираше во ролшуи и смело бикини.
View this post on Instagram
Инаку, претходно Ања беше сама во Италија, каде го посети езерото Комо, а дел од нејзините следбеници коментираа дека таа секаде оди сама, на што таа одлучи да им одговори со објава на Инстаграм Стори.
„Леле колку сте напорни. Јас патувам како турист, сакам да разгледувам и да шетам низ разни градови, а тој не сака да пешачи повеќе од 2 и пол минути.
Јас во Италија за 4 дена поминав над 30 километри пешки, а тој би пукнал тоа да го направи. Тој патува работно, а јас немам што да правам таму, да одам по состаноци и да седам по пет часа во ресторани и да се додевам и слично…
Не знам зошто толку се оптоварувате затоа што ние не патуваме заедно, тоа што вие немате доверба во вашите девојки да ги пуштите сами да патуваат, ние го немаме тој проблем“ – рече таа.
Таа потоа откри дека заедно ќе одат на одмор во Будва. А, по првите фотографии што ги објави од одморот, Ања се пожали дека добила сончаница, па сега останале во хотелската соба и саканиот се грижи за неа.
извор: crnobelo.com