среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Младата Лени повторно ја истакна својата заносна фигура

ФОТО: Младата Лени повторно ја истакна својата заносна фигура

Ќерката на славната манекенка Хајди Клум ги следи чекорите на својата мајка и ги поместува границите со своите провокативни изданија.

Младата Лени Клум и нејзиното момче Арис Рачевски уживаат во одморот на сончевата плажа во Форте деи Марми, Италија. Младиот пар овие жешки летни денови ги поминува со нејзиното семејство, а Лени на плажа носела црвено бикини кое ја истакнало нејзината заносна фигура.

Танга бикинито, иако по малку ризично, ѝ прилегало совршено додека горниот дел го истакнувал нејзиното бујно деколте.

Лени на летувањето ужива во друштво на својот татко, Флавио Бријаторе, кој иако ѝ е татко, поранешниот очув Сил ја посвои пред многу години. Лени често истакнува дека Сил е нејзиниот вистински татко, а во 2018 година за првпат се сретнала со Флавио.

„Лени е мое биолошко дете, но тројцата се договоривме дека е подобро да расте во фамилијата која тие двајца ја засноваа“, изјави Флавио во една прилика, мислејќи на Хајди и Сил, и додал:

„Како да ми недостасува дете кое никогаш не го гледам? Знам дека Лени е добро. Таа е дел од семејството на Сил, а Нејтан е дел од моето“.

Со текот на времето, односот помеѓу Лени и Бријаторе станал подобар, а бројните заеднички фотографии се доволен доказ за тоа.

Најнови вести