среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Моден двобој на Брижит Макрон и кралицата Ранија: Фустаните ги платиле по 1.000 евра

ФОТО: Моден двобој на Брижит Макрон и кралицата Ранија: Фустаните ги платиле по 1.000 евра

Јорданската кралица Ранија му се придружила на својот сопруг кралот Абдула Втори и нивниот син во посетата на Париз. Во улога на домаќин во Елисејската палата ги дочекал францускиот претседателски пар Макрон.

Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на Франција – Брижит Макрон.

Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција разви препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфорна зона, а која најчесто ја сочинуваат совршено скроени капути и палтиња, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината вита фигура.

За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое го креирала со елегантен моел на бел фустан до колена. Неговите 3/4 ракави се нагласени со детали бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од нејзиниот омилен бренд „Луј Витон“.

Елегантниот фустан со строги линии 69-годишната Французинка го надополнила со класични салонки во беж боја, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.

Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот го привлекла вниманието во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство.

За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а позната е и како голема љубителка на модни додатоци, па ја искомбинирала со посебна верзија на чантата „By The Way Boston“ со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.

Како и првата дама на Франција, своето формално издание го заокружила со класични салонки чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Џими Чу.

Кога од нив две е поубаво облечена?

Најнови вести