Ѕвездата од филмот „Аквамен“, Џејсон Момоа се најде на врвот на листата 100 најубави мажи, додека на последно место е Леонардо Ди Каприо.
Ова прогласување е започнато во 1990 година, а се темели на предлози на јавноста.
Момоа (39) е оженет со Лиса Бонет (51) од 2005 година и заедно имаат две деца, 11 годишната ќерка и 9 годишен син.
На второ место е Јунгкук, пејач од јужнокоејски бенд, додека трет на листата е актерот Идрис Елба.
Дејвид Бекам е 13-ти на листата, а Кристијано Роналдо на 33 место.