понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Најпознатиот светски степ танчер кој настапи и во Скопје објави дека се бори со агресивен вид на рак

ФОТО: Најпознатиот светски степ танчер кој настапи и во Скопје објави дека се бори со агресивен вид на рак

Светски познатиот степ танчер Мајкл Флетли откри дека му бил дијагностициран „агресивен“ облик на рак, во изјава објавена на неговите профили на социјалните мрежи.

Според соопштението, над ѕвездата на „Riverdance“ и „Lord of the Dance“(64) е извршена операција и во моментов тој е на болничко лекување.

-Драги пријатели, имаме нешто лично да споделиме, на Мајкл Флетли му беше дијагностициран агресивен облик на рак. Тој беше опериран и е под грижа на одличен тим лекари. Во овој момент нема да се даваат дополнителни коментари. Ве замолуваме за вашите молитви и добри желби. Ви благодараме, стои во објавата.

Покрај пораката, тимот сподели црно-бела слика на Мајкл како гледа кон море додека стои на плажа.

На Флетли пред Божиќ му бил дијагностициран неодреден тип на рак.

Не е познато дали дијагнозата е поврзана со неговата претходна битка со ракот на кожата. На Мајкл во 2003 година му беше дијагностициран малигнен меланом, кој за првпат откри пред осум години.

Неговите шоуа се одиграа пред повеќе од 60 милиони луѓе во 60 држави. Lord of the Dance на славниот Мајкл Флетли гостуваше во Скопје двапати, првпат во 2008 во Универзалната сала и точно 10 години подоцна во СЦ „Борис Трајковски“.

Најнови вести