Израелката Јал Шелби е прогласена за најубава жена на светот за 2020 година.
Убавата Јал благодарејќи му на својот изглед се најде на врвот на листата на „100 најубави лица во годината“
-Никогаш не сум била прва во ништо, чувството е многу убаво, изјавила 19 годишната Јал за „ Times of Israel”. Убавата девојка во моментов го служи задолжителниот воен рок во израелското воздухопловство.
Прекрасната манекенка и актерка исто така е број еден кај барем уште една личност. Јал наводно е во врска со 35 годишниот Брендон Корф, внукот на покојниот сопственик на ЦБС и милијардер Самнер Ридстон. Брендон инаку минатата пролет е избркан од Израел поради кршење на правилото за карантин, тогаш тој тајно ја посетил убавата Јал.
Независни критичари од целиот свет за ТЦ Чандлер уште од 1990 година ја креираат листата на „100 наубави лица“.
Во овие 30 години на листата биле присутни многу познати и помалку познати девојки и жени.