петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Накит и лични предмети на Елвис Присли одат на аукција

ФОТО: Накит и лични предмети на Елвис Присли одат на аукција

Колекција накит која легендарниот Елвис Присли му ја подарил на својот менаџер Том Паркер, ќе се најде на аукција на 27 август.

Како што е наведено, на аукцијата ќе се најдат околу 200 предмети. Меѓу нив ќе има часовници, златни прстени со скапоцени камења, ланчиња, но и гитара на која Присли свирел за време на познатиот повратнички настап во 1968 година, пренесува Ројтерс.

Присила Присли, сопруга на легендарниот музичар, обезбедила голем број од предметите кои ќе се најдат на закажаната аукција. Наведува дека била принудена на ваков чекор поради постојани лажни предмети на нејзиниот сопруг на пазарот.

-Сакам да знам со сигурност дека овие автентични предмети ќе му припаднат на некого кој ќе се грижи за нив, некој кој ќе ги цени, вели Присила.

За Ројтерс истакнала дека оваа колекција накит е интересна и разновидна, а настанала од постојани напорти на сопружниците Присли да се сетат што би бил вистинскиот избор за подарок.

Најнови вести