Се уште не се смируваат страстите по турнирот „Адриа Тур“ на кој неколку тенисери беа позитивни на Ковид-19. Ѓоковиќ. Чориќ, Троицки, Димитров имаа позитивни тестови, а и неколку тренери.
Српскиот тенисер е на удар на јавноста бидејќи беше организатор и покровител на турнирот.
Александар Зверев немаше позитивен тест. Но, сепак според правилата требаше да биде во изолација, а такво нешто и вети. Но, една недела подоцна тенисерот наместо дома во изолација, присуствува на луда журка со атрактивни хостеси.
Видеото беше објавено на Инстаграм, но потоа веднаш повлечено. Сепак, беше предоцна за тоа.