Хрватската навивачка Ивана Кнол се забавуваше на Миконос со поранешната НБА ѕвезда Шекил О’Нил.
На споменатиот остров Шек настапувал како диџеј и ја отворил сезоната во престижен клуб. Ивана била една од гостите, а дел од атмосферата споделила на социјалните мрежи.
Легендарниот О’Нил започна со диџејство во 2014. Минатата година приреди одлична забава на островот Крк. Меѓу гостите беа НБА кошаркарите Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Во еден момент О’Нил ги повикал на сцената и ги прегрнал.
-Шек не го собира на фотографијата, напишала Ивана во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
По Светското првенство во Катар, таа стана една од најпопуларните навивачки. Се дружи со многу познати личности, вклучувајќи ги Ерлинг Халанд, Џејсон Деруло, Леонардо ди Каприо итн.