петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Неверојатната трансформација на Клои Кардашијан: Како успеала од девојка со вишок килограми да стане секс симбол?

ФОТО: Неверојатната трансформација на Клои Кардашијан: Како успеала од девојка со вишок килограми да стане секс симбол?

Клои Кардашијан штотуку наполни 39 години и никогаш подобро не изгледала.

Таа одлучила со своите следбеници да сподели едно фантастично видео од тренинг, исхрана и нејзината витка фигура. Истакнува дека можно е да имате затегнато тело и без премногу откажувања и ограничувања.

Таа беше препознатлива по своите облини, а од минатата година доживеа голема трансформација, имено таа ослабнува и ослабнува.

На овој пат на губење килограми тргнала уште во 2018 година по раѓањето на ќерката. Меѓутоа во 2023 година таа изгледа позатегнато од кога и да е, а за тоа сведочат и нејзините понови фотографии.

Позирајќи во комбинација од тексас градник и панталони, Клои ги покажала резултатите од неверојатната трансформација на својот Инстаграм профил. Нејзините извајани стомачни мускули привлекуваат големо внимание.

Следбениците ја преплавиле со коментари: „Можам ли да ги добијам твоите стомачни мусли?“, ја прашал еден фан.

Сите се прашуваат која е тајната на нејзината витка фигура и како успеала да го изгуби вишокот килограми, па дури имало и гласини дека користела некои неприродни методи. Поради тоа Клои одлучила да ги запре шпекулациите и да го открие клучот на нејзината успешна трансформација. Многу е поедноставно отколку што мислиме.

Пред сè таа води многу активен начин на живот и постојано е во движење. Кога нејзиниот густ распоред и обврските не ѝ дозволуваат, таа оди во теретана. Нејзината исхрана изобилува со висока содржина на протеини и со малку јаглехидрати. Најчесто јаде пилешко, мисиркино месо и риба, а покрај тоа и многу житарици и зеленчук.

Таа мисли дека клучот на нејзиниот резултат е наместо 3 вообичаени оброци (поголеми), да внесува 8 помали порции и така го одржува константното ниво на енергија во текот на целиот ден.

Најнови вести