Николас Кејџ целосно го промени својот изглед за снимањето на филмот „Сценарио од соништата“.
Со новиот изглед бил фотографиран во Торонто. Оваа комедија е во режија на Кристофер Боргли, а заплетот сè уште не е познат. Продуценти се Ари Астер и Ларс Кнудсен.
Покрај Николас, во филмот ќе играат и Џулијан Николсон, Дилан Бејкер, Кејт Берлант, Мајкл Сера и други.
Николас во наредниот период ќе работи на уште неколку филмски проекти.
Познатиот актер и неговата сопруга Рико Шибата добија ќерка во септември. Кејџ со поранешните партнерки ги има синовите Вестон (31) и Кал-Ел (16).