недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Петар Грашо повторно заљубен, во врска со ќерката на Тончи Хуљиќ

ФОТО: Петар Грашо повторно заљубен, во врска со ќерката на Тончи Хуљиќ

Петар Грашо повторно заљубен. Хрватските медиуми јавуваат дека сплитскиот пејач е во врска со 14 години помладата пејачка Хана Хуљиќ, ќерка на познатиот хитмејкер Тончи Хуљиќ.

Фоторепортерот на Cropix заљубениот пар го фотографирал вчера додека шетал низ Загреб.

Петар (45) и Хана (31) се познаваат одамна и нивните семејства се многу блиски. Двајцата неодамна излегоа од долги врски.

За хрватските медиуми нивната љубов ја потврдиле блиски лица кои истакнале дека романсата трае веќе неколку месеци.

Грашо и Хана претходно соработуваа за песната „Srce za vodiča“ објавена во 2016. Инаку Грашо е добар пријател и близок соработник со Тончи, таткото на Хана.

Најнови вести