Неодамна заврши шестата сезона на „Преспав“ која уште еднаш ја освои македонската публика.Преку интересни и комични сцени ликовите прикажуваа одредена ситуација или случка од реалноста, но во сценарио кое ретко кого би оставил рамнодушен да не се насмее.
Актерот Игор Ангелов ја игра улогата на Коста односно сопруг на Германката Ула (Тијана Дапчевиќ), а и во сите шест сезони иако Коса е мераклја по други жени, нивниот брак опстана.
Децата пак, го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“, а возрасните заради многуте одлични театарски и филмски улоги. Но, дефинитивно улогата на Коста во „Преспав“ ќе му остави голем печат во неговата кариера.
Во приватноста Игор е далеку од Коста, тој исто така е семеен човек но со хармоничен брак и со најголемото богатство- двата сина, Андон И Јаков.
Игор заедно со неговото семејство односно сопругата Ева и синовите живее во Скопје, поточно во селото Бардовци.
Меѓу најновите објави на неговиот Инстаграм објави семејна фотографија на која горделиво позира со саканите.
Разбирливо и очекувано, следбениците им поласкаа со комплименти кои се редеа во коментари.
View this post on Instagram