Познатата српска пејачка Марина Тадиќ (37) пред само пет месеци се породи, а денеска изгледа феноменално.
Имено, таа е позната по тоа што доста се грижи за својот изглед, но од нејзиниот изглед после породувањето се воодушевија сите.
Се чини дека пејачката после породувањето како да нема проблеми со вишокот килограми, а сосема веројатно е дека на ваквиот нејзин изглед ќе и позавидат многу жени.
Инаку, Марина се породи на 30 јануари, а на свет ја донесе ќеркичката Вера.