Актерот Сашко Коцев пред неколку години јавно, на „Златна бубамара“ ја запроси својата сегашна сопруга Смињана, а во 2017 година станаа родители на нивната ќерка Јоана.
Деновиве тие имаа убава причина за славење, а тоа се 7 години брак.
По тој повод актерот објави фотографија на Фејсбук од нивната свадба, а во опис само го напиша бројот 7.
Честитки и убави желби се нижеа во коментарите под фотографијата.