недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Принцезата од Тајланд која ги крши сите модни правила

ФОТО: Принцезата од Тајланд која ги крши сите модни правила

Можеби не сте слушнале за тајландската принцеза Сириванавари Нариратана (35), но таа мами воздишки каде и да се појави.

Нариратана е ќерка на сегашниот крал на Тајланд и неговата поранешна сопруга. Покрај должостите кои ги има како член на кралско семејство, таа се занимава со моден дизајн и важи за модна икона.

Додека била 20-годишна студентка за мода на Универзитетот во Бангкок, Пјер Балман ја повикал да ја претстави својата колекција на Модната недела во Париз во 2007 година.

Колекцијата била спој на традиционални фустани со модерен уличен стил.

Од тогаш таа претставила низа колекции и очигледно својот талент за мода го наследила од бабата Сирикит која била позната по сопствениот хибриден стил на западните фустани во ’60-тите години.

Сириванавари е редовен посетител на модните недели и секогаш привлекува внимание со својот необичен изглед на црвениот тепих.

Најнови вести