Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија нови фотографии од ќерката, принцезата Шарлот по повод нејзиниот седми роденден.
-Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство може да споделат три нови фотографии од принцезата Шарлот по повод нејзиниот роденден, се наведува во соопштението.
Слатките портрети ги направила Кејт за време на видендот. Малата принцеза насмеана позира во поле со цвеќиња во близина на семејната куќа на село.