сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Прва насмевка на Бил Козби откако беше осуден на 10 години затвор, жалбата му е усвоена

ФОТО: Прва насмевка на Бил Козби откако беше осуден на 10 години затвор, жалбата му е усвоена

Објавена е фотографија на Бил Козби, со прва насмевка по издржувањето на две години затвор поради сексуален напад. Насмевката, како што пренесуваат светските медиуми, е поради уважување на жалбата која Бил ја има поднесено.

Осудениот сексуален престапник во моментов ја отслужува 10 годишната затворска казна.

Овој 83 годишен актер веќе две години се наоѓа во затвор во Филаделфија откако поротата го осуди за виновен за дрогирање и сексуално насилство над жена во неговиот дом во 2004 година.

Козби во 2018 доби затворска казна од 10 години. Оваа година изјави дека стекнал право да се бори против пресудата на Врховен суд во Пенсилванија.

Победата на Козби по поднесата жалба значи дека судот ќе разгледува дали поротата требало да ги слушне доказите дека актерот во минатато давал лекови кои влијаат на централниот нервен систем, на други жртви. Судот ќе ги разгледа тврдењата на Козби дека имал договор со поранешниот обвинител дека против него никогаш нема да биде покренато обвинение.

Најнови вести