сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Првиот автомобил на Диего Марадона на продажба

ФОТО: Првиот автомобил на Диего Марадона на продажба

Првиот автомобил на Диего Армандо Марадона е оригинален Фиат 128 CL од 1982 година, а се продава на аукција преку страната xave.market.

Возилото било пронајдено во 2003 година во кокошарник на периферијата од Буенос Аирес, а Марадона истото го подарил за Божиќ во 1982 година.

Марадона малку го возел, а низ годините на автомобилот му се губи трагата додека автомобилскиот колекционер Мартин Варон не го пронашол и станал негов сопственик.

Фиатот на Марадона може да се добие со плаќање во криптовалути, а почетната цена е 400.000 долари.

Најнови вести