Десетици актери во петокот присуствуваа на комеморацијата посветена на Милена Дравиќ која истиот ден беше погребана во Алејата на заслужни граѓани до сопругот Драган Николиќ.
На сцената во „Ѕвездара“ театарот говор одржаа голем број колеги на Милена, а на истите никој не останал рамнодушен и ретко кој можел да ги задржи солзите.
Раде Шербеџија, која Милена ја гледал како своја сестра, скршен од болка не можеше да ги задржи солзите.
-Таа едноставно беше нешто, како да кажам, нешто што се вика најдобро. И што се чувствува така. Тоа што човек најмногу ќе го запамети за неа, секако се нејзината извонредна вештина, глумата, но се вкупно кога се зборува тоа е невидена искреност која плени на екран и која плени во животот. Искрено живееше до последниот ден и до последниот здив од својот кадар на филм. Милена е неповторлива, а покрај нејзината искреност, ќе ја паметам и по револуцијата. Таа како Јованка Орлеанка го предовдеше својот народ и беше олицетворение на чистотата, вели Шербеџија за својата пријателка.
На крајот од комеморацијата имало долготраен аплауз, а пуштена била и песната од Арсен Дедиќ „Милена“ која буквално го скршила од тага познатиот актер кој во тој момент едвај стоел на нозе.