среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Ријана гордо го „шета“ голиот труднички стомак, а секој стајлинг е пошокантен од претходниот

ФОТО: Ријана гордо го „шета“ голиот труднички стомак, а секој стајлинг е пошокантен од претходниот

Откако откри дека е бремена, носејќи раскопчана розова јакна, пејачката Ријана од ден за ден му претставува на светот нова ексцентрична модна комбинација.

Последното во низата шокантни изданија се состои од кроп топ кој повеќе наликува на градник, фармерки со низок струк и долг крзнен капут, а во прв план е повторно нејзиниот труднички стомак.

Пејачката која е позната по провокативниот стил и поигрување со несекојдневни кроеви и бои, по повеќемесечното криење на трудничкиот стомак, судејќи по сè сега има намера да го покажува во полн сјај.

Пред само неколку дена, Ријана беше забележана на вечера во Лос Анџелес во аутфит кој малку ѝ остава на фантазијата, а во прв план повторно беа стомакот и градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Ријана се определила за монохроматско црно издание, составено од хеланки и несекојдневен топ на врзување кој едвај го прекривал предниот дел од телото.

Најнови вести