Убавата Миранда Кер и во бременоста остана верна на својот беспрекорен стил, а ја задржа и витката фигура.
Пофалби за својот изглед доби и при последното појавување во ток шоуто на Џими Кимел.
Таа облече парче кое многу трудници не би се осмелиле да го ископираат.
Миранда носела мини фустан на преклопување кој совршено изгледа со нејзиното трудничко стомаче и ги открива нејзините витки и долги нозе.