Актерката Линдзи Лохан (36) објави дека се омажила за Бадер Шамас.
Таа денеска по повод својот роденден објави фотографија на која е со него, а во описот го нарекува сопруг.
-Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да најдам среќа и милост, се во исто време. Пресреќна сум што ти си ми сопруг, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Додава дека секоја жена би требало да се чувствува така.
View this post on Instagram