Колумбиската актерка Софија Вергара, доколку судиме по нејзиниот Инстаграм профил, не се оптоварува многу со разводот од Џо Манганиело којшто своевремено изјави дека како поранешен алкохоличар нема да успее да ја одржи врската со некој којшто не е постојано трезен.
Вергара која ужива во дружењето со луѓето и се забавува очигледно дека не можела да ја исполни желбата на Џо.
Софија Вергара откако беше објавено дека се разведува од Џо на социјалната мрежа Инстаграм објавила неколку фотографии на кои позира во костим за капење. Класичните, летни фотографии во едноделен костим за капење, добиле многу допаѓања, но и коментари.
„Последните денови од одморот. Равело, те сакам и кога премногу е топло тука“, напишала Вергара.
Како што може да се заклучи, таа ја избрала Италија за дестинација за одмор.
„Ти си дефиниција за совршенство“, „Уживај во слободата по разводот“, „Доколку некој ти е потребен за разговор или рамо за плачење, тука сум“, биле само дел од коментарите под фотографиите.
Во секцијата за коментари , коментирала и нејзината колешка Џули Бовен со која со години работела на серијата „Modern Family“, која напишала: „Вака изгледа слободна жена која гори“.
Julie Bowen shows love to Sofía Vergara following news of her divorce from Joe Manganiello:
“This is what single and 🔥 looks like!!!” pic.twitter.com/IPySgZDSav
— Pop Crave (@PopCrave) July 18, 2023
Софија и Џо долго време не беа забележани заедно во јавноста затоа што актерката на службените настани се појавуваше без него.
„Донесовме тешка одлука за развод. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме за почит на нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашите животи“, изјавиле тие за медиумите.
Инаку, Софија и Џо се запознале во 2014 година, а се венчале во 2015 година во Палм Бич. На церемонијата присуствувале 350 гости. Некои од гостите на венчавката биле и колегите од серијата „Modern Family“, како и Рис Витерспун и Арнолд Шварценегер.