Шакира неодамна ја претстави новата песна „Copa Vacia“ која за многу кратко време стана хит, а милиони ширум светот објавуваат видеа во кои танцуваат на заразниот латино ритам.
Меѓу нив е и внуката на Шакира, 24-годишната Изабела Мебарак.
Оваа млада девојка често објавува содржини на социјалните мрежи, а под нејзините фотографии следбениците речиси секогаш ја споредуваат со позната тетка.
„Па, вие сте исти“, „Изгледаш како Шакира на почетокот на кариерата“, „Ти и Шакира навистина личите“, се само дел од коментарите.
Инаку, Изабела не се занимава со музика, туку својата креативност ја насочи кон сликарството. Шакира ја поддржа на неодамнешната изложба на која Изабела ги претстави своите најнови дела.