Згодната пејачка Аделина Тахири веќе извесно време ужива во летото, и тоа на прекрасна грчка плажа.
Аделина објави и фотографии на кои позира заедно со нејзината сестра Диана Тахири, а и двете позираат во танга-бикини.
Во описот на фотографиите од Кавала, Грција, Тахири кратко напиша: „Дуото се враќа“.
На објавените фотографии таа доби многу допаѓања, односно над 10 илјади, како и прекрасни коментари, а со оглед на нивниот беспрекорен изглед тоа било навистина неопходно.
Дел од коментарите биле: „Супер згодни, супер жешки“, „Фантастично дуо“, „OMG“, „Срцекршачки“….
Инаку, Аделина и Диана личат на близначки, и двете се со долги руси коси, прекрасни и со природни сини очи.
На летувањето заедно со нив се наоѓа и синот на Аделина, Јон, којшто го има од бракот со адвокатот Серјожа Марков.
извор: tocka.com.mk