Познатата македонска водителка и пејачка Сузана Турунџиева сподели фотографија на социјалните мрежи на која вели дека требало да се затворат границите за да дознаеме каква убавина имаме во земјава.
-Ехх Македонијо моја, колку што си мала, толку си волшебна! требаше да се затворат границите и да ни се случи пандемија за многумина да те запознаат….“ Поради новонастанатата ситуација и пандемијата со короната се уште не знаеме дали ќе може да заминеме на одмор на некоја егзотична дестинација надвор од Македонија. Но, доколку не може да одиме надвор од границите, имаме доволно преубави дестинации во нашата држава. Иако надвор темепратурите не се летни, македонските јавни личности го искористија времето за да уживаат на некои од турситиките атракции во Македонија, а избор најмногу падна на Охрид, Дојран, Маврово.
Сузана Турунџиева се уште не замина некаде да летува или барем да ги наполни батериите за викенд, но затоа преку фотографии замина во претходното лето.