Американската голферка Пејџ Спиранак е на врвот на листата „најсекси жени на светот“ во последниот број на списанието „Максим“.
View this post on Instagram
Професионалната спортистка од Колорадо, по сѐ, изгледа ужива во нејзиниот статус на секс-симбол, позирајќи покрај својата насловница, на црвениот тепих од хотелот „Чичи“. Во објава на Твитер, пак, таа напиша дека е „сè уште во шок“ од тоа што е број 1, победувајќи ги, меѓу другите, и Меган Фокс, Ники Минаж и Ана де Армас…
„Луѓето велат, ги претставувате жените за тие да го покажат тоа што го имаат или да носат ‘помалку’ за да добијат поголемо внимание на интернет. Мојата порака е – носете го она што сакате да го носите“, вели таа во насловната статија.
Така, Спиранак денес има 3,5 милиони следачи на Инстаграм.