Фолк пејачката Теа Таировиќ прави хаос каде и да се појави.
Така таа на неодамна одржаниот настап во Белград ја доведе атмосферата до „точка на вриење“.
Имено, таа на сцената се појави во никогаш пократок и попредизвикувачки фустан кој ја оцртуваше нејзината витка линија, а кога ги мрдаше колковите настана хаос.
Припадниците на посилниот пол тешко се воздржувале, а кон бината „летале“ динари и евра.
Така Теа за неколку минути успеала да направи ладало од банкноти со кои се ладила.
Латино танцот придонесе и онака прекраткото фустанче на Теа да биде уште покусо, а во еден момент и „падна“ и долната облека со боја на кожа.
Да потсетиме, Теа непосредно пред настапот откри што може да си дозволи од првиот хонорар.
– Првата заработка ми беше доволна само да купам сендвич, кафе и гуми за џвакање – изјавила пејачката, пренесе српски Телеграф.