сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Тина Тарнер доби барбика со својот лик

ФОТО: Тина Тарнер доби барбика со својот лик

Познатиот производител на играчки, компанијата Мател, направи барбика во чест на пејачката Тина Тарнер. На овој начин се одбележуваат 40 години од нејзиниот голем хит “What’s Love Got To Do With It”.

Куклата, која е дел од серијата на компанијата посветена на музиката, носи облека како онаа која Тина ја носела во спотот за познатата песна.

-Чест ми е да и посакам добредојде на својата барби кукла во групата на славни жени кои веќе се претставени на овој начин, така на што погоем број деца ќе им се приближи приказната за моето патување, наведува 82 годишната Тарнер во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@barbie)

Тарнер е добитничка на дури осум Греми награди. Нејзиниот голем успех започна со заедничките настапи со тогашниот сопруг Ике Тарнер од кој се разведе по турбулентниот брак во 1978 година.

Последната турнеја ја одржа во 2009 година кога и се повлече од сцената.

Најнови вести