ТМЗ пренесува дека поранешниот НФЛ играч Том Брејди и Ирина Шаек го поминале викендот заедно, а Брејди во еден момент бил фатен како разменува нежности со манекенката додека биле во автомобил.
Во петокот, Брејди ја зел Ирина од хотелот Бел-Ер и ја однел до неговиот дом. Шаек била видена како заминува следното утро во 9:30 часот, а подоцна истото попладне повторно биле видени заедно.
На објавените фотографии се гледа како парот заедно шета и се смешка.
Тој се разведе од Жизел Бундхен минатиот октомври. Со неа ги има синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк. Со Бриџит Мојнахан го има синот Едвард Томас.
Во 2019 година, Ирина раскина со Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа. Медиумите минатата година ја поврзуваа со Канје Вест, но нивната врска беше краткотрајна.