Српскиот актер Небојша Глоговац, кој почина од рак на 48 години, беше погребан во понеделникот. Тагата во Србија во великанот уште не стивнува.
Тој во вечното почивалиште беше испратен достоинствено, а покрај семејството и пријателите последна почит му оддадоа голем број од колегите и почитувачите на неговиот лик и дело.
Српските медиуми објавија фотографии на кои актерот е фотографиран на 31 јануари, само 9 дена пред неговата смрт.
Соседите кои го познавале за српските медиуми опишале како изгледал последен пат кога го виделе.
-Го видов пред зградата, а од медиумите дознав дека е болен. По него никогаш не би заклучила дека е во таква состојба, изјавила тогаш вработената во кафулето кое се наоѓа во близина на зградата каде живееше Глоговац.
-Во понеделник го сретнав, еден маж го донесе до влезот. Се држеше за стомакот и едвај се движеше. Помислив дека го совладал уморот или дека се напил. Денес слушнав дека се разболел, вели сосед на актерот.