Веста дека српскиот рапер Бане Ковачевиќ од групата 187 почина по операција на срце, ја погоди српската јавна сцена. Водителката Душица Јаковлевиќ не може да прифати дека згаснал уште еден млад живот.
Со трогателна порака таа се огласи на социјалните мрежи.
-До кога веќе? Велат дека си „во години“ кога ќе почнеш да ги погребуваш оние со кои си пораснал. Но јас не сум во ТИЕ години. И како што Гру отпеа „Уште еден млад живот замина, сурова е вистината….“Правете добра музика горе, за жал сериозна екипа собра небото. Почивај во мир, напиша водителката на Инстаграм.