Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“, објави фотографија на која може да се види како Бил Гејтс чека во ред за бургер пред сендвичарница во Сиетл.
-Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кола во „Дикс“ како и сите ние… Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во Белата куќа, напиша Галос под фотографијата која е споделена 15.000 пати.