Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ заедно со сопругот посетила хуманитарна забава, а за таа вечер избрала посебно модно парче.
Овој пат, Ева Лонгорија го привлече вниманието со креација на познатиот македонски дизајнер кој живее во Австралија, Тони Матичевски, а досега во негови креации прошетаа многу светски познати личности.
Актерката не пропушта прилика убаво да се забавува, а нејзините фотографиите на кои позира го обиколија светот за рекордно време.
– Чест ми е што бев дел од една ваква убава ноќ и и ја доделив на Лорен Санчез заслужената награда за хуманост за нејзината дарежливост и посветеност да им помогне на семејствата на границите“ – стоеше во описот на фотографите.
Станува збор за жолт фустан кој внесе живост во изгледот на актерка и особено ја истакна фигурата на познатата актерка.
Корсетираниот асиметричен модел, го истакна делот на рамената, а неговиот сирена крој, кој исто така завршува со асиметричен пад, ја следеше формата на телото и на многу елегантен начин го постигна ефектот на летен гламур.
Косата собрана во пунџа и нежен накит, ја комплетираа оваа комбинација.
Ева го носеше фустанот креиран од рацете на македонскиот дизајнер Тони Матичевски кој пак со големо задоволство и чест сподели и на неговиот Инстаграм профил.