Пејачката Гога Секулиќ викендов направи хаос на настап на Калемегдан пред 10.000 луѓе под отворено небо.
Пејачката веднаш штом излезе на сцената ја крена на нозе насобраната публика, а настапот го заокружи со фрлање на гаќички кон публиката додека ги изведуваше своите хитови.
Пејачката беше видно расположена, а постојано пееше, танцуваше и разговараше со публиката, која особено се воодушеви кога им ја фрли долната облека.
Таа за оваа пригода купила гаќички со најразличен дизајн и бои.
-Сакам да комуницирам со мојата публика. Настапот на Калемегдан беше фантастичен. Од првиот до последниот момент се беше совршено, изјави Гога за медиумите.
View this post on Instagram